Финска мора да го укине ембаргото на оружје за Турција, порача Чавушоглу

Финска, доколку ја сака поддршката од Анкара за членство во НАТО, мора да го укине ембаргото за извоз на оружје за Турција, порача во вторникот турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Финска и Шведска во мај годинава, искористувајќи ја руската инвазија во Украина, по доглогодишнот тесно соработување и одржување континуирани воени маневри со НАТО и покрај декларираната воена неутралност, официјално побараа членство во Североатлантскиот сојуз.

Меѓутоа, една од клучните членки на Алијансата, Турција се заканува дека двете нордиски земји нема да ја добијат нејзината поддршка за членство доколку не исполнат низа нејзини барања. Анкара од двете земји особвено бара испорачување на курдските милитанти и турските дисиденти кои добиваат засолниште кај нив, како и укинување на забраната за нивните компании од воениот сектор, како и за оние кои користат нивни компоненти, да испорачуваат оружје за Турција, воведена поради нејзината копнена операција во соседна Сирија насочена против курдските единици обучувани и вооружувани од САД.

Шведска ги укина ембаргото воведено во 2019 година на извозот на оружје во септември, но Финска сѐ уште не го стори тоа. Анкара, милицијата на сириските Курди Единици за заштита на народот (YPG) ја смета за сириско крило на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKК), која е на листите терористички организации и на САД и на ЕУ.

Делегација од финското Министерство за одбрана ќе ја посети Анкара на 8-ми декември.

„Важно е што финскиот министер за одбрана ќе пристигне во Турција, бидејќи сѐ уште нема изјава до Финска дека ни го укинала ембаргото на оружје. Ние ја очекуваме таа изјава од нив“, рече Чавушоглу.

Шведска минатиот петок го депортираше турскиот државјанин Махмут Тат, кој побарал азил во Шведска во 2015 година, отакако во Турција беше осуден на шест години и 10 месеци затвор под обвинение за поврзаност со PKK, но Анкара смета дека Стокхолм мора да стори повеќе пред да ја добие турската согласнот за членство во НАТО.

Чавушоглу во вторникот истакна дека Тат не е еден од оние коишто Анкара ги бара, и дека Шведска треба да ги израчи луѓето од турскиот список, додавајќи дека, исто така, мора да се замрзни целиот имот на групациите кои Турција ги означува како терористички и непријателски.

НАТО ја носи одлуката за прием на нови земји врз основа на согласноста на сите сегашни 30 членки. Турција засега е единтвената која се противи на тоа, а Унгарија најаив дека ќе ја ратификува одлуката за тоа во февруари.