Финска: Најмладата премиерка на светот ќе има две години помлада министерка за финансии

Новата финска премиерка, која е најмладата личност на оваа должност во светот, во својата влада ќе има министерка за финансии која е две години помлада од неа, откриваат партиските функционери во понеделникот.

Триесет и четиригодишната Сана Марин од редовите на социјалдемократите е предлоќена во неделата. Функцијата министерка за финансии ќе ја добие, пак, челничката на Партијата на центарот, Катри Кулмуни, а целосниот состав на влдата ќе биде откриен подоцна оваа седмица.

Марин ќе ја преземе функцијата идната седмица, со што ќе стане третата жена која ја предводела владата на Финска.

„Нѐ чека многу работа за повторно да изградиме доверба. Имаме заедничка програма на владата која ја држи коалицијата заедно“, изјави Марин пред новинарите по тесното гласање.

Вториот главен кандидат на гласањето на раководството на партијата беше шефот на парламентарната група на Социјалдемократската партија, Анти Линтман. Марин добила 32, а Линтман 29 гласови.

Финската влада се повлече минатата седмица откако Партијата на центарот објави дека повеќе не го поддржува премеирот Анти Рине, поради неодамнешниот спорт околу пазарот на трудот во кој е вмешана државната поштенска служба Posti.

Петте партии во владејачката коалиција, од кои четири ги водат жени, одлучија да го одржат сојузот и да продолжат со истата програма, но и дека е потребно престројување.

Министерка за внатрешни работи и натаму ќе биде лидерката на Зелената партија, 34-годишната Марија Охисало, 32-годишната претседателка на Левиот сојуз, Ли Андерсон останува министерка за образование, а 55-годишната Ана-Маја Хенриксон од Шведската народна партија и натаму ќе биде минситерка за правда.

„Сакаме основата меѓу премиерката и министерката за финансии да функционира. Тоа е основа на оваа нова генерација за соработа меѓу социјалдемократите и Партијата на центарот“, изјави во понеделникото Кулмуни.

Новата финска премиерка е поранешна министерка за сообраќај која имаше рапиден напредок во финската политика, откако со 27 години влезе во градскиот совет на нејзиниот роден град Темепере.

Власта ја презема по низата штрајкови кои од понеделникот го запреа производството во некои од најголемите фински компании. Конфедерацијата на финската индустрија проценува дека штрајковите ќе предизвикаат загуба до 500 милиони евра.