Финската национална коалиција објави победа, Марин го призна поразот

Финската премиерка Сана Марин го призна поразот на нејзината Социјалдемократска партија на неделните парламентарни избори, малку откако во изборната ноќ Петери Орпо челникот на десната партија Национална коалиција (NCP) и веројатно нејзин наследник на функцијата прогласи изборна победа.

„Честитки за… Коалиционерите, Вистинските Финци, Демократијата се изјасни, а Финците гласаа. Сега славиме. Имаме причина да се радуваме на овој резултат“, изјави Марин обраќајќи ѝ се на јавноста од партиското седиште.

Малку претходно NKP победува на парламентарните избори во Финска, откако освоила 20,8 отсто од гласовите од преброените 99,6 отсто од избирачкиот материјал.

Опозициската крајно десна партија Вистински Финци предвоени од Риика Пура освоиле 20 отсто од гласовите, социјалдемократите на Сана Мари – 19,9 а Центристите на Аника Саарико 11,3 отсто.

Според тоа, партијата на Орпо освоила 48 места од 200-те мандати, а следат Вистинските Финци со 46 и социјалдемократите со 43 пратеници.

.Педесет итригодишниот Орпо говорејќи од својот изборен штаб ја објави победата и најави брз почетокот на преговорите со другите партии за формирање влада.

„Ова е голема победа. Врз основа на овие изборни резултати ќе започнеме преговори за формирање нова влада на Финска предводена до Коалицијата“, изјави поранешниот министер.

Пред изборите анкетите најавуваа свртување на Финска в десно. NCP водеше во сите истражувања речиси две години, иако нивната предност се истопи последните месеци.

Орпо вети намалување на јавната потрошувачка и запирање на растот на јавниот долг, кој достигна опасно ниво од малку повеќе од 70 отсто од бруто домашниот производ (БДП), откако Марин во 2019 година ја презема премиерската должност станувајќи најмладиот премиер во Европа во тој момент. Орпо, исто така, вети намалување на данокот на приход на сите вработени. Рече дека ќе ја поддржува одбраната на Финска која пред само неколку дена стана членка на НАТО.

Од NKP ја обвинуваа Марин дека ја нарушила економската отпорност на Финска во периодот кога енергетската криза во Европа тешко ја погоди земјата којашто следејќи ги западните санкции против Русија се откажа од сите видови енергија од големиот сосед, иако трошоците за живот пораснаа на рекордни нивоа.