Финската полиција го откри вистинскиот идентитетот на напаѓачот кој лажно се претставувал

Финската полиција во неделата соопшти дека е откриен вистинскиот идентитет на мароканскиот барател на азил кој го призна убиството на двете жени со нож минатата седмица, а во земјата влегов во 2016 година под лажен идентитет.

Полицијата извести дека главниот осомничен кој се претставувал како осумнаесетгодишниот Абдерахман Мешках е роден 1994 година во Мароко.

„Сега ни е познат неговиот вистински идентитет“, изјави главната полициска инспекторка Криста Гранрот од Националното биро за истраги без да го објави вистинското име на убиецот.

Во нападот со нож во петокот мажот смртно избоде две жени и повреди уште осум луѓе. Неговото злосторство се води како убиство и обид за убиство со терористичка намера, соопшти судот.

Полицијата во саботата соопшти дека осомничениот, кој е уапсен по нападот со нож врз минувачи во градот Турку, со умисла ги напаѓал жените.

Во Финска пристигнал минатата 2016 година и живеел во центар за прифаќање во Турку. Според медиумите наводно му било одбиено барањето за азил, што полицијата не го коментираше, но објави дека неговото барање за азил било во фаза на разгледување.

Поради можна поврзаност со напаѓачот, полицијата уапси уште четворица Мароканци. Осомничениот пред судот изјавил дека ја прифаќа одговорноста за нападот, но негирал дека имал терористички мотив.