Фудбалерите на Фиорентина се првите полуфиналисти во Купот на Италија, а победија против Болоња пред своите гледачи по ударите од 11 метри, откако немаше голови во основните 90 минути и продолженијата.
Победникот беше решен во петтото серија од пенал-рулетот, кога дефанзивецот на Болоња и австриската репрезентација Стефан Пош ја испрати топката над пречката, а Французинот Максим Лопез беше петтиот успешен изведувач за домашната екипа која на тој начин славеше со 5:4.
Фиорентина втора година по ред се пласираше во полуфиналето, а за пласман во своето второ последователно финале ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Милан и Аталанта, кој ќе се игра во среда (10 јануари) на милански „Сан Сиро“, со почеток во 21:00 часот.
Пред тоа од 18 часот во римското дерби на „Олимпико“ играат Лацио и Рома. Подобриот од тој меч ќе игра против победникот од последниот четвртфинален натпревар, во кој Јувентус во четврток (11 јануари) од 21:00 часот ќе го пречека Фросиноне во Торино за пласман во финалето.