Фирмата Метропаркинг ДОО Белград која деновиве е вмешана во корупциски скандал во кој засегнат е и потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски преку фирмата ќерка Метропаркингплус ДОО Скопје каде Манчевски е еден од сопствениците, е добро позната и во соседна Србија каде ја прати голем скандал.
Имено, подружницата Метропаркинг југ која раководела со паркинг простор во Лесковац во Србија, е вмешана во скандал за крадење на лични податоци од граѓаните на Лесковац.
Метропаркинг југ неовластено и нелегално собирале лични податоци од граѓаните кои подоцна ги користеле за поднесување на жалби против граѓаните. Овие информации биле собирани без никакво овластување или согласност од страна на граѓаните.
Метропаркинг југ се однесувала како државен орган без никакво овластување. Според комесарот за заштита на лични податоци, Метропаркинг југ постапила незаконски и нелегално собирала лични податоци од граѓаните за свои потреби за што била поднесена и кривична пријава.
Подоцна било наредено фирмата Метропаркин југ да ги уништи собраните лични податоци што до ден денес не се знае дали имало уништување.
Оваа фирма на македонските граѓани им е позната како фирма која има своја фирма- ќерка во Скопје каде еден од сопствениците бил потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски. Метропаркингплус ДОО Скопје во 2011 година склучиле договор со ЈП Куманово Паркинг и добиле тендер во вредност од близу 400.000 евра.