Фирмињо е новото засилување на Јунајтед

Според англиските медиуми, Манчестер Јунајтед за 18 милиони евра ги обезбедил услугите на бразилскиот напаѓач Роберто Фирмињо.

23-годишниот репрезентативец на Кариоките имаше одлична сезона во дресот на Хофенхајм каде постигна 10 погодоци и запиша 12 асистенции па беше на мета на многу гиганти ширум Европа.

Според медиумите, Манчестер Јунајтед и Хофенхајм постигнале договор за трансфер вреден околу 18 милиони евра. Фирмињо ќе ги помине лекарските прегледи во Бразил, а зделката ќе се официјализира по завршувањето на Копа Америка.

Ова е второто големо засилување за “црвените ѓаволи” откако претходно го обезбедија потписот на Мемфис Депај од ПСВ.