Францускиот фудбалски прволигаш Нова поднесе тужба, откако на стадионот „Алијанц Ривиера“ во текот на првенствениот натпревар со Лил бил снимен аматерски порнографски филм.
Порно-филмот бил снимен на 29-ти јануари додека траел натпреварот, а сцената се одиграла на тоалетите на стадионот. Во аматерски снименото видео се појавува „русокоса“ актерка со прекриено лице и „актер“ во дресот на Ница.
„Челниците на клубот поднесоа тужба по порнографското видео снимено на стадионот“, изјавија во средата за AFP од француската Дирекција за јавна безбедност (DDSP).
Тужба поднела и компанијата којашто управува со стадионот поради „поврзување на имиџот на стадионот со порнографски активности“.
Третата тужба ја поднел и аеродромот Ница-Азурен брег, поради слично порнографско видео снимено пред повеќе месеци, коешто го снимила истата млада жена, но овојпат во аеродромските простории.
Според пишувањето на порталот 20 Minutes, тоа видео било објавено пред повеќе од една година и има речиси 300.000 прегледи на платформа со порнографска содржина.
„Штотуку ги предадовме сите елементи на правосудната полиција. Не сакаме ова да го оставиме тукутака и не сакаме да се повтори“, изјавил портпаролот на аеродромот во Ница.