Флојд Лендис му се враќа на велосипедизмот

Поранешниот американски велосипедист, Флојд Лендис, кој беше еден од клучните сведоци во разоткривање на допингувањето на Ленс Армстронг и други спортисти ќе формира велосипедски тим.

Во 2006 година, Лендис(46) го освои Тур де Франс, но победа му беше одземена бидејќи беше позитивен за недозволени допинг средства. По неколку години докажување на невиност, Лендис, сепак призна дека континуирано се допингувал и стана „свирач“, односно лице кое откри дека Ленс Армстронг и други велосипедисти се допингувале.

Лендис како сведок на американската влада во случајот против Армстронг постигна договор, а потоа основа компанија која произведува целосно легален канабидол (КБД), супстанција која не е психоактивна и се наоѓа во марихуаната. Ова хемиско соединение се користи за ублажување на болката кај спортистите и е дозволено за употреба.

Компанијата „Лендис“ ќе биде спонзор на новиот тим, кој ќе биде основан во Канада и се очекува да се натпреварува од 2019 година.

Знам дека предизвикав штета на велосипедската заедница. Сега сакам да го искористам сето тоа што добив со спогодбата и да го вратам таму каде што припаѓа, на развојот на професионалните велосипедисти, изјави Лендис по објавата за формирањето на тимот.