„Фокус“: Дончев примал австралиски долари за консултантски услуги, спротивно на законот за судир на интереси

Пред само една недела, директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев од за јавноста неразбирливи причини поднесе оставка во ек на светска пандемија на опасниот коронавирус. Против Дончев има и кривична пријава од страна на бизнисменката Вера Иванова сопственичка на Диамед за случајот попознат за јавноста како „Рекет 2“ .

Според пишувањата на словенечката Нова 24ТВ, Зоран Милески-Кичеец во името на директорот на Фондот за здравствeно осигурување од сопствениците на компанијата „Диамед” побарал 6 милиони евра, половина од парите кои оваа фирма ги добила од продажбата на на шведската компанија „Диаверум“.

tогаш ми беше речено, ако навистина ја зборувам вистината, да им дадам половина од колачот, во спротивно ќе ми ги пуштат ОЈО и Финансиска полиција и ќе ми ги земат сите пари од продажбата. Јас одговорив дека не доаѓа предвид ниту една варијанта, а подоцна од медиумите дознав дека почнале истрага против мене, стои во сведочењето на Вера Иванова, сопственичката на „Диамед“.

Како што дознава Фокус од добро упатени извори кои имале увид вo официјалната документација од надлежните институции, во рамки на предистражната постапка покрената кон крајот на минатата година обвинителството презело мерки и дејства за проверка на Ден Дончев поради сомнение за перење  пари и други придонеси. Управата за финансиско разунавање утврдила дека додека ја извршувал директорската функција примил над три милиона денари по основ на плата од приватна компанија во земјата.

Лани во период од шест месеци примил околу 50 илјади евра од приватната компанија РЕ-Маркет, сите приливи кон оваа компанија доаѓале од австралиска фирма Мегантик, а одливите во најголем дел биле трансакции кон Дончев. Компанијата РЕ-Маркет е основана во 2012-та со седиште во струмичко Муртино и истата била формирана од сопствениците Ванчо Поцков и Жанко Ристов. Во 2017 година нов управител станал Александар Дацев којшто истовремено е управител и на трговскиот центар Глобал, а од минатата година нов и единствен сопственик станува Ристо Ристов. Основна дејност на друштввото се интернет портали и негова подружница е лоцирана во струмичкиот трговски центар Глобал.

Од интернет страната на компанијата може да се заклучи дека луѓе од сопственичката и управувачката структура на РЕ-Маркет се дел и од австралиската Мегантик.

Дончев давал консултантски услуги во периодот од 2013-та до 2018-та година за австралиската компанија. Според член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функцијата која ја врши со други функции или дејности.

Согласно ставот 6 од член 44 службено лице може да остварува приходи од научни, наставни, културни, уметнички и спортски активности и приходи од авторски, патентни и слични права, интелектуално индустриска сопственост…Но никаде не се споменуваат консултантски услуги.

Повеќе прочитајте во печатеното издание на Фокус.