![Fon der Lajen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/Fon-der-Laen.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен ги нарече руските напади врз цивилната инфраструктура во Украина „воени злосторства“, пренесува МИА.
– Вчера повторно ги видовме напади на Русија насочени против цивилната инфраструктура и ова означува ново поглавје во веќе многу сурова војна, истакна Фор дер Лајен во Стразбур, во денешното обраќањето пред Европскиот Парламент.
– Тоа се воени злосторства, категорична е шефицата на Европската Комисијата.
Фон дер Лајен истакна дека насочените напади врз цивилна инфраструктура со јасна цел да се исклучат мажите, жените, децата од вода, струја и греење со доаѓањето на зимата, тоа се акти на чист терор,
Претседателката на Комисијата, исто така, ја повтори поддршката на Европската Унија за Украина „колку што е потребно“.