Претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен на Твитер го поздрави пристигнувањето на сите партнери од Западен Балкан во Берлин на Самитот на Берлинскиот процес.
Како што истакна таа,ќе се работи на продлабочување на економската соработка, почнувајќи од енергетиката.
– Нашиот пакет од една милијарда евра помош за Западен Балкан ќе ни помогне да ја обликуваме заедно нашата заедничка енергетска иднина, додава Фон дер Лајен во објавата на Твитер.