Фон дер Лејен го напушти самитот на ЕУ и замина во самоизолација

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, го напушто во четвртокот самитот на челниците на Европската унија во Брисел, откако дознала дека некој од нејзниот кабинет е заразен со коронавирусот.

„Штотуку сум известена дека еден член од мојот кабинет утрово бил позитивен на тест на Covid-19. Јас лично бев негативна на тестот. Сепак, поради претпазливост веднаш го напуштив Европскиот совет и заминав во самоизолација“, објави Фон дер Лејен на Twitter.

Челниците на земјите членки на ЕУ се собраа во четвртокот попладнето во Брисел на дводневниот редовен есенски состанок на вров на кој ќе разговараат за идните односи со Велика Британија која ја напушти Унијата, за актуелната епидемиолошка ситуација во Европа, климатските цели и односите со Африка.

Претседателот на Европската комисија по својата функција секогаш учествува во работата на Европскиот совет, нависокот политичко тело на Европската унија, во коешто се членовите на шефовите на држави или влади на земјите членки.