Скорешната претседателка на Европската унија, Урсула фон дер Лејен,. Се заложи за повеќе праведност за источните членки на Европската унија, како и за поправеден однос кон земјите од југот кои се наоѓаат под најголемиот притисок на бегалскиот бран, пренесуваат во петокот германските медиуми.
„Во средноевропските и во источноевропските членки на ЕУ кај многу влади постои чувството дека не се потполнио прифатени. Доколку дебатите и натаму ги водиме толку грубо како што ги водевме досега, тоа би можело да доведе до тоа да се критикуваат цели народи и држави, а не само поедини дефицити“, рекла Фон дер Лејен, која доаѓа од Христијанско-демократсјата унија (CDU) во разговорот за дневниот весник Sueddeutsche Zeitung објавен во петокот.
Таа нагласува дека расправите околу владеењето на правото, особено во Полска, треба да се насочат во правецот на решавање на самиот проблем.
Во јавноста се појавија шпекулациите дека при изборот на Урсила фон дер Лејен во Европскиот парламент, полската владејачка национално –конзервативна партија Правда и справедливост (PiS) својата поддршка на германската политичарка, која беше избрана со многу тесно мнозинство, ја условила со поблаг однос кон Полска во случајот на постпаката на Европската комисија против оваа земја поради наводен притисок врз независноста на правосудството, што може да доведе со одземање на гласот на оваа земја во Советот на Европа.
Државниот секретар во германското министерство за надворешни работи задолжен за ЕУ, Михаел Рот, од помалиот коалициски партнер во владата Социјалдемократската партија на Германија (SPD), ја предупреди Фон дер Лејен да не отстапува од досегашниот став на Европската комисија, кога станува збор за притисоци врз независноста на судството во земјите членки.
Фон дер Лејен истовремено во петокот во разговорот за весникот Bild застана и во одбрана на јужните членки на Европската унија истакнувајќи го своето мислење дека приотисокот кои владее врз овие земји поврзано со прифањето на мигрантите треба поправедно да се распредели. Таа бара и реформа на ткн Даблинска постапка.
„Морам да признаам дека никогаш не разбрав зошто Даблинската постапка се подведува по едноставното правило дека за доселениците е одговорна онаа членка на ЕУ во коај доселеникот стапил на ппочвата на ЕУ. Миграцијата се случува и на отворено море“, вели Фон дер Лејен.
Семта дека целта за безбедни надворешни граници на ЕУ ќе биде остварена единствено доколку им се помогне на оние земји кои поради својата положба на мапата се наоѓаат под најголем притисок.
„Ние мораме да ја реформираме Даблинската постапка, единствено така ќе може да постигнеме поголема праведност по прашањето на распределбата на беглаците“, заклучува избраната претседателка на Европската комисија.