Фон дер Лејен сака ‘нов пакт за миграциите’

Italian premier Giuseppe Conte receives President-elect of the European Commission, Ursula von der Leyen, for a working lunch at Chigi Palace in Rome, 2 august 2019. ANSA/MAURIZIO BRAMBATTI

Идната претседателка на Европската комисија, Германката Урсула фон дер Лејен, изјави во петокот во Рим дека има намера да предложи „нов пакт за миграциите и за азилот“ за порамномерно да се распределат напорите во рамките на Европската унија,

„Сакам да предложам нов пакт за миграциите и за азилот, потребно ни е ново решение… Сакаме нашите процедури да бидат делотворни, но и хумани. Тоа не е лесна задача, но сите сфативме дека нема лесни решенија во управувањето со миграциските текови“, изјави Урсула фон дер Лејен пред новинаритепред почетокот на средбата со италијанскиот премиер Џузепе Конте.

„Мораме да го преиспитаме поимот на распределба на обврските. Знаеме дека Италија, Шпанија и Грција географски се изложени; важно е да можеме да ја гаранатираме солидарноста“ на ЕУ кон овие земји, оцени идната претседателката на Европската комисија којашто во периодов ги посетува престолнините на некои земји членки на Унијата пред да ја преземе должноста на 1-ви ноември.

Претседателот на владата на Италија, Џузепе Конте, од своја страна рече дека од апсект на Рим не е „незамисливо дека проблемот со приливот на мигрантите и во иднина ќе мора да го решава првата земја во којашто (мигрантите) ќе дојдат“.

Фон дер Лејен престојуваше во Рим во моментот додека повеќе од 160 мигранти на два брода на невладини организации пловат по Средоземното Море во близина на италијанските и малтешките пристаништа во потрага по пристаниште каде ќе им биде дозволено да пристанат и да ги истоварат азилантите, главно од северна Африка.

Владата на Италија, којашто ја сочинуваат крајно десната партија Лига и антиестаблишмент и евроскептичното Движење пет ѕвезди, одлучи да ги затвори своите пристаништа за хуманитарните организации кои вршат операции на спасување на море на имигантите и ги истоваруваат на италијанскиот брег. Рим оцени дека Европската унија досега воопшто не била солидарна на ова поле. Длабоките поделби во ЕУ во врска со прифаќањето на мигрантите засега ја оневозможуваат секоја промена во Даблинскиот систем, според кој секое барање за азил мигрантот го поднесува во земјата преку која влегува во ЕУ.