Фондацијата „Леонардо Ди Каприо“ донираше 100 милиони долари за борба против климатските промени

Омилениот холивудски филантроп ги поддржа добротворните организации за климатски промени со донација од 100 милиони долари преку фондацијата Леонардо Ди Каприо, позната по нејзината неуморна работа за спасување на светот.

Оскаровецот од поодамна започнал да покажува интерес за еколошкото движење, основајќи ја Фондацијата Леонардо Ди Каприо (LDF), која веќе прослави 20 години постоење.

44 годишниот Лео има многу поголемо влијание врз светот отколку што повеќето би замислиле. Тој, во текот на изминатите две децении поддржал над 200 еколошки проекти за заштита на планетата, кои вклучуваат програми за заштита на дивиот свет од изумирање, зачувување на океаните, обнова на балансот на екосисистемот, како и борба со глобалното затоплување.

Веста за донацијата е споделена на последната гала вечер, каде што присуствуваа и многу познати ѕвезди, меѓу кои Арнолд Шварценегер, Мадона, Тоби Магуиер и Елен Де Генерес. Таму, Ди Каприо објави дека ќе има нови средства за сите шест програми на Фондацијата, односно Wildlands Conservation (Зачувување на дивиот свет), Oceans Conservation (Зачувување на океаните), Climate Change (Климатски промени), Indigenous Rights (Права на домородците), Transforming California (Трансформација на Калифорнија) и Innovative Solutions (Иновативни решенија).

Во изјавата од веб-страницата на LDF, Ди Каприо, кој стана United Nations Messenger of Peace (Гласник на мирот на Обединетите нации) во 2014 година, рече:

Кога го основав LDF пред 20 години, го направив тоа врз основа на едноставната идеја дека можеме да направиме вистинска разлика со директно финансирање на некои од најефикасните еколошки проекти, без оглед дали се индивидуалци, Grassroots movements (Грасрут движења) или големи непрофитни организации. Ние сакавме да се фокусираме на помагање и финансирање на оние кои би можеле да имаат најголемо влијание.

Сите сме горди на Лео и веруваме во успехот на проектите, со надеж за почиста животна средина во иднина. За повеќе информации посетете го сајтот на Фондацијата Леонардо ДиКаприо со клик на линкот подоле:

https://www.leonardodicaprio.org/about/