Форд го сели производството на „фокус“ во Кина, и покрај притисокот од Трамп

Giulia Marchi for The New York Times

Американскиот автомобилски гигант „Ford“ во 2019 година ќе го пресели производството на својот нов модел „фокус“ во Кина, и покрај тоа што е соочен со притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп, кој сака да ги задржи произвдствените работни места во САД.

Од „Ford“ порачаа дека споменатата одлука нема да доведе до укинување на работните места во САД, но овој потег означува уште една промена во плановите за производство на новиот модел „фокус“.

Компанијата во јануари по критиките од американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли плановите за преселување на производството од САД во новиот производствен погон во соседно Мексико кој чинеше 1,6 милијарди долари.

Во моментов моделот „фокус“ се произведува во фабриките во американската сојузна држава Мичиген, Германија и во Кина. Меѓутоа, продажбата на овој автомобил во САД претрпе пад, додека побарувачката на поголеми возила се задржа на претходното ниво.

Компанијата лани планираше селење на производството на „фокус“ од САД во новата фабрика во близна на сојузната држава Сен Луис Потоси во Мексико. Оваа одлука наиде на жестоки критики од американскиот претседател, кој директно ги прекори производителите на автомобили и другите компании за увоз на стоки од други земји, вклучително и од Кина и од Мексико.

Одлуката на „Ford“ за напуштањето на плановите за новата фабрика во Мексико, која е донесена пред неколку месеци, е доживеана како триумф на претседателот на Трамп и неговиот пристап кон американските компаниите и глобалната трговија. Се чини дека неговата лична и јавна интеренција доведе до производство на новиот модел на „фокус“ во САД, што претставуваше чиста победа за уверувањето на Трамп дека стоките коишто ги купуваат Американците треба да бидат произведени во САД.

Производство на „фокус“ во Кина не беше дел од плановите, оттаму „Ford“ во иднина јасно ризикуваат непријатности од страна на Трамп. Но со застојот во законодавните инциијативи, администрацијата која е оптоварана со контроверзии, и падот на рејтингот на Трамп, не е јасно како претседателот може да ги запре плановите на компанијата.

Би можело да произлезе дека стилот на Трамп на вршење на притисокот врз компаниите за доведување на производството во САД бил ефикасен само неколку месеци. Во јануари од „Ford“ порачаа дека ги отфрлаат плановите за градење нова фабрика во Мексико, како и дека производството ќе го ограничат на постојната фабрика во мексиканскиот град Хермосила.

Меѓутоа, објавата од вторникот значи дека „Ford“ ќе го произведува новиот „фокус“ во Кина, наместо во Хермосила, со што ќе оствари заштеда од 500 милиони долари.

Од „Ford“ во вторникот ја известиле Белата куќа за своите планови, изјави портпаролката на компанијата Кели Фелкер. За Reuters рекла и дека овој потег го размислувале извесен период. Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, изјави во вторникот дека плановите на „Ford“, кои би можеле да имаат големо влијание врз американските снабдувачи со автомобилски делови, ја нагласуваат потребата од даночна реформа која би ја покренала конкурентноста на домашните производители.