Формирана Регионална лига во бокс, Вардар во А-Групата

Во Сараево денес беше официјализирана Регионалната лига во бокс во која ќе учествуваат осум клуба. Македонски претставник е Вардар, а во натпреварувањето влегуваат и екипи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија.

БК Вардар е во групата А со Лозница (Србија), Железничар (БиХ) и Црногорски Соколи (Црна Гора).

Во првото коло кон крајот на мај, Вардар ќе ја пречека Лозница во Скопје, додека Железничар е домаќин на Црногорски Соколи.

Во Групата Б во првото коло ќе се соочат:
Црвена ѕвезда – Марибор и
Хрватски Витези – Радник.