Формула 1 без трка во Германија во 2022-ра

Шефот на натпреварувањето во Светското првенство во класата Формула 1, Стефано Доменикали во средата изјави дека календарот за следната 2022 година не предвидува ниедна трка во Германија.

„Имам чувство дека самите организатори не веруваат дека можат да организираат трка“, изјави Доменикали.

И покрај тоа што германски Мерцедес е седумкратени последователен светски првак во конкуренцијата на конструкторите во Формула 1, и тоа што Германија има два возача во оваа конкуренција – четирикратниот светски првак Сенастијан Фетел во тимот на Астон Марти и синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик Шумагер во тимот на Хаас, ниту во Хокенхајм ниту во Нирбургринг од финансиски причини не скаат да се обврзат за организирање на следните трки.

Последен пат Хокенхајм беше домаќин на трка во Формула 1 во 2019 година, додека Нирнбургринг беше организатора на трка во 2020 година и покрај пандемијата на коронавирусот. Оваа година не е предвидена трка во Германија, и покрај тоа што во календарот има зналително повеќе трки – 23.

„Интересот за Формула 1 е голем. Видете ја само Холандија, Зандворт е распродаден за следните три години“, додава Доменикали.