Трката за Големата награда на Белгија од Светското првенство во класата Форумила 1 ќе може да се одржи на 30-ти август на патеката Спа-Франкошан без гледали, иако во оваа земја поради пандемијата на коронавирусот на сила е забраната за одржување големи настани до 31-ви август, соопштија во петоткот локалните власти.
Валонскиот регионален премиер Елио Ди Рупо изјави дека трката „може да се одржи без гледачи, како и сите придружни настани кои ѝ претходат“. Оваа мерка доаѓа предвид „само доколку се почитуваат мерките за одржува дистанца меѓу луѓето, како и хигиенските и санитарните мерки“, додаде.
Откако белгиските власти дадоа дозвола, организаторот на трката „Спа Гран При“, планира да преговара со „ Liberty Media“, која е задолжена за глобална промоција на Форумула 1, за да се покрие финансиската загуба предузвикана со забраната за гледачите. Имено, како што пренесува агенцијата Belga, за оваа трка биле продадени однапред речиси 165.000 влезници.
Иако датумот сѐ уште не официјално објавен како датум за продолжувње на сезоната во Формула 1, постојат планови прва трка да биде за Големата награда на Австрија на патеката Шпиелберг на 5-ти јули, исто така, без гледачи.
Пандемијата на коронавирусот сериозно ја наруши целата сезона во Фомрула 1 којашто требаше да започне на 15-ти март. Првите десет трки се откажани – Австралија, Монако и Франција, или се одложени на неодредено време – Бахреин, Кина, Виетнам, Холандија, Шпанија, Азербејџан и Канада.