Формула 1: Петта победа во низа на Верстапен

Актуелниот светски првак во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул победи во трката за Големата награда на Италија возена во неделата на патеката во Монца, 16-та трка во актуелната сезона од светското првенство.

Ова е петтата последователна победа на Верстапен од 11-те оваа сезона, и севкупно 31-та во кариерата со која дополнителни го зацврсти водството во генералниот пласман на возачите.

Во Монца се подготвуваа за „домашен“ триумф на Ферари, особено откако нивниот возач Шарл Леклер озбори најдобра стартна позиција. Ферари ја прослави 75-годишнината, додека патеката во Монца ја одбележа 100-годишнината. Кулминација на прославата требаше да биде победа на еден од двата болида на Ферари, но плановите ги расипа Верстапен.

Трката беше завршен зад безбедносното возило по откажувањето на Даниел Рикардо, чиј болид застана на незгоден дел од патеката.

Второто место го освои Леклер, додека третата позиција му припадна на Џорџ Расел од тимот на Мерцедес, а четврти вториот возач на Ферари, Шпанецот Карлос Саинц, додека седумкратниот светски шампион Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес беше петти откако стартуваше од 19-ти место поради промената на моторот.

На шест трки пред крајот на првенството Верстапен има речиси недостижни 116 бодови предност пред Леклер, односно 335 наспроти 219 бодови. Трет е Мексиканецот Серхио Перез од Ред Бул со 210 бодови.

Следната трка е по три седмици за Големата награда на Сингапур.