Седум месеци по почетокот на кампањата на Сан Диего за отстранување на камповите на бездомници, голем дел од шаторите што некогаш ги заземаа тротоарите сега ги нема.
Двајца сенатори од Калифорнија, еден демократ и еден републиаканец, заеднички предлагаат мерка во целата држава како онаа во Сан Диего. Тоа ѝ овозможува на полицијата да ги исели бездомниците дури и кога не им е достапно засолниште. Градскиот совет, во кој седат само демократите, ја усвои оваа мерка во јуни 2023 година.
Активистите за правата на бездомниците сметаат дека оваа мерка само ги принудува да се засолнуваат на насипите и на други скриени места, а бројот на расположливи кревети во центрите за нивно прифаќање сѐ уште не е доволен.
Оваа дебата ја демонстрира итноста на прашањето на бездомништвото и достапното домување, двете најважни прашања за гласачите во Калифорнија. Федералната влада потроши повеќе од 20 милијарди долари за сместување и програми за бездомниците од фискалната 2018/2019 година, но сè уште има најмалку 180.000 бездомници.
Се вклучи и Врховниот суд. На 22-ри април, неговите судии ќе ги слушнат аргументите од случајот во Орегон за кој многумина веруваат дека ќе одлучат за легалноста на законот за отстранување на камповите и другите прописи кои ги засегаат бездомниците кои немаат каде да одат.
Врховниот суд ќе ја разгледа жалбата на градот Грантс Пасо во јужен Орегон, каде што судот пресуди дека локалната уредба со која се забранува кампување на тротоари, улици, паркови и други јавни места ја прекршува одредбата од осмиот амандман на Уставот на САД за „сурова и невообичаена“ казна. Пресудата се очекува на крајот на јуни.
Бездомниците остануваат вообичаена глетка во Сан Диего, честопати го туркаат целиот свој имот во колички од продавници додека чекаат градски услуги како сместување, храна или облека или третман за зависности или ментални болести.
Во градот има околу 6.500 илјади бездомници, покажува истражувањето од пред една година. Оттогаш, околу половина од нив нашле покрив над главата, но 3.285 од нив сè уште се на улиците.
Активистот за правата на бездомниците Мајкл Мекконел тврди дека политичарите кои не успеале да обезбедат прифатливп сместсување сега се обраќаат до полицијата.
„Тоа не го реши бездомништвото, туку само го раштрка“, рече Мекконел, поранешен заменик-претседател на одборот на регионалната работна група која ги надгледува јавните трошоци за засолништа и други услуги.