Алиша Кис се разликуваше од поголемиот дел нејзини колешки на доделувањето на МТВ наградите во Њујорк, затоа што во согласност со одлуката што ја донесе пред неколку месеци, и овој пат одлучи да се појави на црвениот килим без грам шминка.
Таа со својот природен изглед привлече внимание на црвениот килим, а остана доследна на сопствената одлука и кога излезе на сцената за да ја претстави наградата за најдобар музички спот од машки изведувач.
Кис во јуни годинава напиша колумна за интернет страницата Лене Данам во која ја објасни нејзината одлука веќе да не користи шминка.
Ми се згрози од константното проценување на жените врз основа на нивниот изглед. Се плашев да излезам од дома без шминка и се грижев за тоа колку фотографи ме уловиле во тоа издание, раскажува Алиша.
Таа открива дека одлуката да ја отфрли шминката била случајна. На снимањето на омотот на нејзиниот албум пејачката дошла од теретана. Иако сакала да се препушти на рацете на професионалниот шминкер пред снимањето, фотографот ја наговорил да застане пред апаратот без шминка.