Приватната американска компанија Maxar Technologies објави сателитски снимки на кои се гледа наводната масовната гробница во источниот украински град Изјум, кој што неодамна беше напуштен од руските единици.
Украина тврди дека во масовната гробница во Изјум биле пронајдени 440 тела, меѓу кои и тела на украински војници и цивили. Некои тела биле пронајдени со јажиња околу вратот, додека на други им биле врзани рацете, што сугерира дека тие не биле убиени при гранатирање, туку егзекутирани.
Москва ги отфрла таквите обвинувања тврдејќи дека станува збор за нов инсценирано наводно воено злосторство на руските служби како на почетокот од април во киевското предргадие Буча од страна на украинските и западните специјални служби и западните медиуми.
Руското Министерство за одбрана потсети дека за време кога Изјум бил под контрила на руската војска бил постојано гранатиран од украинските сили. Исто така, во Москва се потсетува на изјавата на цивили од градот дека по претходното повлекување на укранските сили од градот биле најдени многу трупиви кои се погребани од нивните роднини.
Првата сателитска фотографија (насловната) покажува наводно позиција на руска артилерија која се наоѓа во близина на влезот на гробиштата во Изјум. Направена е наводно на 8-ми април годинава, кога градот бил под руска окупација, односно пред речиси половина година
Втората фотографија (подолу) направена е на 24-ти март ја прикажува оштетената болница и околните згради во Изјум.
Следната фотографија (подолу) направена е наводно на 20-ти јуни и го прикажува влезот на гробиштата.
А следната фотографија (подолу) направена на 24-ти март и го покажува истиот влез на гробиштата.
Следната фотографија направена на 29-ти август го покажува истото место.
Интересно е што Maxar Technologies досега не објави вакви сателитски снимки во врска со гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје, за што меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва а е под контрила на руската војска од почетокот на инвазијата.