ФОТО| Американската војска ја напушти базата Баграм во Авганистан

Американските сили во петокот се повлекоа од својата главна база во Авганистан, соопштија американски безбедносни извори, во согласност со договорот со талибаните со кој се регулира повлекување на сите трупи на САД од земјата по дваесетгодишната војна.

„Сите аерикански војници и припадници на силите на НАТО ја напуштија воздухопловната база Баграм“, изјавил за Reuters американски висок безбедносен функционер под услов да остане анонимен.

Исто така неименуван функционер за агенцијата Associated Press го потврдил повлекувањето додавајќи дека главниот командант на силите на САД во Авганистан, генералот Остин Млер, „сѐ уште ги има можностите и овластувањата да ги заштити силите“ кои се во фаза на повлекување и се стационирани во Кабул.

Американските сили ги координираа воздушните удари и логистичката поддршка за авганистанските владини сили од воздухопловната база Баграм, околу 60 километри северно од главниот гра Кабул, а повлекувањето на силите го означува крајот на дведецениската инвазија на САД во Авганистан, постигнат во мандатот на поранешниот претсеател Доналд Трамп.

Базата сега ѝ се предава на авганистанската влада, додека нејзините безбедносни сили се соочуваат со сѐ пожестоки судири со борците на радикалното исламистичко движење Талибан, со кое владата во Кабул сѐ уште нема склучено договор за мир. Базата Баграм официјално ќе ѝ биде предадена на авганистанската влада на церемонија во сабота.

Претходно седмицава американски безбедносни функционери соопштија дека поголемиот дека од американскиот воен персонал во Авганистан најверојатно ќе замине од земјата до 4-ти јули, а преостанатите трупи ќе останат за заштите на странските дипломатски мисии.

Во јуни американскиот претседател Џо Бајден рече дека на авганистанскиот претседател Ашраф Гани во текот на посетата на Вашингтон му кажал дека „Авганистанците мора да одлучат што за својата иднина, што сакаат“. Гани, пак, тогаш одговори дека неговата работа сега е да се „управува со последиците“ од повлекувањето на САД.

Договорот за повлекувањето на САД беше постигнат пред две години во мандатот на претседателот Доналд Трамп на долгите преговори во катарска Доха. Според договорот, во замена за повлекувањето на американските и странските трупи од Авганистан, талибаните се обврзаа дека авганистанската територија нема да биде користена како засолниште и за планирање акции на меѓународниот терорирзам против САД и нивните партнери.

Покрај тоа, талибаните се обврза дека ќе поведат мировни преговори со владата во Кабул, но тие западнаа во ќорсокак. Многу аналитичарии сметаат дека без странската поддршка многу е можно талибаните повторно да ја освојат власта од која беа соборени со американката инвазија пред 20 години.