Анџелина Џоли можеме ретко да ја забележиме во светли тонови. Таа е верна на црните модни комбинации, а мораме да признаеме дека и светлите бои ѝ стојат одлично, особено белата.
Овој пат таа излезе од зоната на комфортот и облече модел на фустан кој не е карактеристичен за неа.
Лелеавиот и долг фустан дава доза на женственост и елеганција, а ременот околу струкот визуелно креира фигура на песочен часовник. Белата боја е идеална за летните денови, а во овој крој секоја жена изгледа како грчка божица.
Актерката се одлучила за кафени папучи кои се актуелни оваа сезона и бела чанта. Едноставната рамна коса одлично се вклопила со овој стајлинг.
Ваквиот модел на фустан е апсолутен хит. Доколку барате фустан во кој вреди да се инвестира и во кој ќе изгледате одлично, ова е вистинскиот модел.