ФОТО| Анџелина Џоли во сексапилна мрежеста тоалета

Анџелина Џоли беше придружувана од децата на уште една филмска премиера, овојпат во Рим, и сите се појавија во гламурозни фустани, актерката на црвениот тепих се појави во сексапилна мрежеста тоалета, но според медиумите ќерките ја надминале со комбинациите во сопствен стил.

Оскаровката ги повела со себе 16-годишната Захара и една година помладата Шајло на прениерот на својот филм на Римскиот фестивал одржана во неделата.

Мајката и ќерките претставија елегантни тоалети на црвениот тепих. Анџелина во тесен платинест фустан на Версаче, без ракави и изработен од метална мрежа, Захара носеше бел фустан во старогрчки стил со златни каиши, а Шајло беше облечена во елегантен црн коктел фустан без ракави и со неонски жолти патики со црни точки.

Шесте деца на Анџелина Џоли и Бред Пит изминатите години ретко се појавуваа со редителите на црвениот тепих, но на последните неколку настани, децата редовно ја следат актерката на промоцијата на новиот филм „The Eternals“.