Дваесет и едно возило во сопственост на трагично настраданиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи и бесни (Fast & Furious), се продадени за 2,33 милиони долари на годишното наддавање на автомобили во Аризона.
Колекцијата на актерот ја сочинувале 18 автомобили и три мотоцикла од разни периоди на автомобилизмот, а на аукцијата којашто траеше една седмица организирана од познатата аукциска куќа Barrett-Jackson одржана во Скотсдејл, највисоката цена од 385.000 американски долари ја постигнал автомобилот „BMW-a E36 M3 Lightweight“ од 1995 година.
Станува збор за еден од петте „BMW-a E36 M3 Lightweight“, од вкупно произведените само 126 вакви автомобили. Сите пет се од истата група, сите се со бела боја и со голем заден спојлер. Овие автомобили досега обично достигнуваа цена од 150.000 долари, а фактот дека автомобилите биле во сопственост на позната личност дополнително ја зголемил цената.
Еден од фаворитите на заинтересираните купувачи бил и автомобилот „Nissan 370Z“ од 2009 година, кој се појави во филмот „Брза петорка“. Возилото со мала мината километража е продадено во четвртокот за 105.600 долари, што е највисока цена досега постигната на аукција за еден „Nissan 370Z“.
Во саботата за 95.700 долари е продаден и автомобилот „Ford Boss 302S“ од 2013 година, кој никогаш не бил користен на трки, а Вокер го добил како подарок.
Целиот приход од продажбата на возилата е наменет за фондацијата со која раководи дваесетгодишната ќерка на актерот, Медоу Вокер.
Пол Вокер загина на 30-ти ноември 2013 година аво автомобилска несреќа на враќање од хуманитарна вечера на која учествуваше.