(ФОТО) Бал на српските погребници, со колец во торта

Чинии полни со најразлични деликатеси, пијалаци течат во потоци, весело се пее и танциа, и да не е тортата во форма на мртовечки сандак, годишниот бал на српските погребници лесно може да се замени за свадба.

Беспрекорно стокмени, гостите, како од Србија така и од простори од поранешна Југославија, и годинава се собраа во Пожаревац. Организаторот на балот, Радиша Михајловиќ, познат по прекарот Дрнда, во својата бранша го стекнал „реномето“ кога го управувал погребното возило со телото на Слободан Милошевиќ од Белград до семејната куќа на Милошевиќ во Пожаревац, во чиј двор и е пограбан.

Милошевиќ умре во затворот во Хаг без да ја дочека пресудата по обвиненијата за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото во војните при распаѓањето на Југославија. Меѓутоа, во дејноста на Михајловиќ, водењето вакви погреби „претставува чест“.

„Тоа беше фантастичен публицитет, а превезувањето на претседателот не е мала работа, без оглед на тоа што мислат за негов. Кога ме прашаа дали сум подготвен за тоа, секако дека веднаш прифатив“, вели 66-годишниот погребник од Пожаревац.

На балот, атмосферата била разиграна, но покрај валцери се играле и ора, пренесуваат медиумите. Во професијата во којашто секојдневната работа е мачна, „Гробаријадата“ е можност овие луѓе да се развеселат.

„Во оваа работа цела година гледате тажни моменти, па ова е начин накусо тоа да го заборавиме. И ние имаме чувства“, вели Михајловиќ, кој се подготвува за пензија.

На самиот почеток од забавата, организаторите изнеле голема торта во форма на мртовечки сандак. И додека гостите аплаудирале и го бодреле, Михајловиќ тортата ја прободел со глогов колец, традиционалното оружје против вампири.