ФОТО| Бела Хадид прозборе за своето ментално здравје

Манеканката Бела Хадид на Instagram проговори за своето ментално здравје, пишувајќи дека последните неколку години речиси секојдневно плаче, а покрај тоа објави и неколку фотографии на коишто плаче а пријателите ги потсети дека социјалните мрежи не се стварниот живот.

Дваесет ипетгодишната манекенка и порано јавно зборуваше за борбата со тешката депресија и анксиозноста со коишто се справува уште од тинејџерска возраст.

Во објавата на Instagram, каде што ја следат 47 милиони обожаватели, ги повика сите со слични проблеми да запаметат дека не се сами.

Напиша дека на оваа објава ја поттикнал видео-записот на Вилоу Смит која зборуваше за несигурнсота и анскиозноста, додавајќи дека токму зборовите на Смит ѝ помогнале да се чувствува „помалку осамено“,. Покрај тоа, сподели и инсерт од видеото на Смит со низа свои фотографии на коишто и самата плаче.

„Социјалните медиуми не се стварни. Понекогаш сѐ што требаш да слушнеш е тоа дека не си сам/а. Значи ти порачувам дека не си сам/а. Те сака, те гледам и го слушам тоа што го зборуваш“, напиша Хадид меѓу другото.

Потсети дека менталното здравје и хемиската рамнотежа во организмот „не се линеарни“, и ги спореди со ролекостер. Хадид сподели притоа и неколку совети за своите обожаватели кои можеби се борат со слични ментални проблеми.

„Сакам да знаете дека секогаш постои светло на крајот од тунелот, а ролекостерот во еден момент потполни се запира. Ќе биде подобро“, продолжува манекенката.

Хадид напиша и дека досега повеќепати се соочувала со слични проблеми, како и дека знае дека е можно човек да се научи да се носи со болката доколку работи на себеси и минува доволно време настојувајќи да октрие кои се тие орози и трауми. Таа во јануари годинава направи пауза во користњето на социјалните мрежи, за да се посвети на своет ментално здравје.

https://www.instagram.com/p/CWDznHVlWa8/