Актерката го украде шоуто на премиерата на својот нов филм „The Rhythm Section“.
Иако го роди своето трето дете пред само половина година, Блејк Лајвли веќе ја врати својата беспрекорна фигура, која ја истакна во црна кадифена тоалета со сирена крој.
Станува збор за креација со потпис на дизајнерското дуо „Dolce&Gabbana“, која ја надополнила со спектакуларен накит од „Lorraine Schwartz“ и неодоливи чизми со црвени потпетици, односно со потпис од Кристијан Лобутин.
На стајлингот му додала и доза драма со високи кожни ракавици.
Мејкапот и фризурата на Блејк исто така се доста елегантни, во согласност со целокупниот изглед.
Женствената креација со голи рамена, 32-годишната убавица ја потполни со долги кожни ракавици и крупно бисерно ланче, украсено со смарагден камен. Токму ракавиците се детаљ кој не им се допадна на бројните обожаватели кои сметаат дека сепак е премногу.
„Секогаш извади едно парче од себе пред да излезеш од дома. Блејк требала да ги извади ракавиците“, бил еден од коментарите за стилот на актерката. Сепак, не може да се негира дека Блејк Лајвли во ова издание изгледа како божица излезена од златната доба на Холивуд.
https://www.instagram.com/p/B73vwieJmKR/?utm_source=ig_embed
Во акционата драма „The Rhythm Section” Блејк Лајвли ја глуми Стефани Патрик, жена која се одлучува за освета кога ќе открие дека падот во кој загинало нејзиното семејство не било несреќа.