Но, наместо елка, ангели, лампиони и црвено-бели шеќерни бастуниња, кои се традиционални за Божик, семејството Кардашијан оваа година се фотографираше во свој стил, претерано провокативно, со многу сексипил, разголени деколтеа и јака шминка. А за биде уште попровокативно, Ким Кардашијан, Клои Кардашијам Одом, Кортни Кардашијан, Крис Џенер, Кајли Џенер, Кендал Џенер и Брус Џенер се заледени во позите, во соба која е преполна со предмети, светлечки знаци за долар, пластични кукли и насловни страници на таблоиди, баш во нивен стил, недостигаат само малата Норт Вест и вереникот на Ким.
На нивната честитка се потпиша фотографот Давид ЛаКапеле.
Иако честитката изгледа феноменално, стигнаа критики од нивните обожаватеи кои велат дека таа воопшто не е согласна со празничкиот дух и Божик кога се славата љубовта, семејството и скромноста. Но, очигледно во речникот на Кардашијан ги нема овие зборови.