ФОТО: Бред и Анџелина со шесте деца со евтин лет кон Париз

Холивудските ѕвезди заедно со своите 6 деца го напуштаат аеродромот во Лос Анџелес и се упатуваат кон Париз и Ница. Она што посебно беше интересно за светските таблоиди е тоа што Анџелина Џоли и Бред Пит заедно со своите 6 деца се одлучиле за економската класа.

bred_enxi_2

Холивудските ѕвезди со нивното големо потомство изгледале како и секое друго семејство кое се подготвува за својот одмор. Облечени во едноставни црни комбинации, Џоли се одлучила за едноставен џинс и црно палто, додека пак Пит е со црна кожна јакна.

bred_enxi_4

Иако се едни од најпознатите луѓе на светот, јасно е дека сакаат да ги држат нештата на земја и да изгледаат што е можно по вообичаено и секојдневно.

bred_enxi_5