Марсело Брозовиќ успеа да ја врати кариерата на вистински пат по пристигнувањето на Антонио Конте во Интер, но покрај тоа што воодушеви оваа сезона со своите настапи во дресот на тимот од Милано, сега ја импресионираше и цела македонска и балканска јавност со својот хуман потег.
Имено, во текот на денешниот ден, една несреќна млада Македонка преку својот официјален Фејсбук профил побара финансиска помош за решавање на долгогодишен проблем со колкот, а бидејќи нејзината објава беше проследена и на официјалната балканска фан страна на Интер, веста стигнала и до играчот од средниот ред.
Овој величествен потег на играчот за врска веднаш стана топ тема во регионалните медиуми и балканската фан страна на Интер ја сподели и сликата од уплатата, па повеќе од јасно е дека Стаменка во иднина ќе има еден голем пријател плус во својот живот.
Ние можеме да и посакаме само успешна операција и брзо заздравување, а на Брозовиќ да му „симнеме капа“ за величествениот потег за кој се одлучил без размислување и по случаен преглед на Фејсбук.