Силната бура со урагански ветрови што го зафати Хјустон во четвртокот, однесе најмалку четири животи, скрши прозорци на облакодери и остави 800.000 домови без струја, потонувајќи голем дел од градот во темнина, известија градските власти.
Поголемиот дел од центарот на Хјустон и неговата комерцијална област беа затрупани со урнати далноводи и стакло од скршените прозорци по невремето, а сообраќајот и уличните светла низ градот беа намалени, рече градоначалникот Џон Витмир во интервју за локалната телевизија KRIV.
Зборувајќи од центарот за итни операции во градот, Витмир рече дека грмотевиците го погодиле Хјустон, на брегот на заливот во југоисточната американска држава Тексас и најнаселен урбан центар во државата, со ветрови од 129 до 161 километар на час.
„Пораката сега е да останете дома“, повика тој, додавајќи дека државните училишта ќе бидат затворени во петокот и дека локалните власти бараат од сите работници кои не се неопходни за итни случаи да земат слободен ден.
Градоначалникот потврди најмалку четири смртни случаи поврзани со невремето, главно од соборени дрвја.
„Над 800.000 семејства во моментов се без струја“, додаде Витмар.
Градоначалникот рече дека тешките временски услови изненадиле многу жители и дека тој бил на бејзбол натпревар од помала лига кога се појавила бурата, „и имавме многу малку време да стигнеме до засолниште“.
Националната метеоролошка служба, исто така, издаде предупредувања за поплави во областа Хјустон поради обилните дождови поврзани со невремето.