ФОТО: Црвена Звезда стави тенк пред стадионот, бурни реакции на социјалните мрежи

Црвена Звезда на својот фејсбук профил објави фотографии со тенк пред стадионот „Рајко Митиќ“, сметаат дека тоа ќе биде атракција, други невиден скандал и глупост а Хрватите тоа го гледаат како провокација.

Хрватските медиуми тврдат дека станува збор за провокација, овој тенк наводно бил запленет во борбите за Вуковар, од шампионот на Србија тврдат дека ова ќе биде  нова атракција.

Тенкот е поставен на платото каде се собираат „Делите“, прашање е до кога ќе остане пред стадионот на кој утре Црвена Звезда го пречекува Јанг Бојс во плеј офот за Лигата на шампионите со 2-2 по првата средба во Швајцарија.