Според фотографиите кои ги добила редакцијата на „Република“, во заливот во кој се наоѓа вилата во која била сместена заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска, на само 200 метри е позиционирана и јахта под името АДА. Името на оваа јахта е исто како името на ќерката на Радмила Шекеринска.
Дали е сосема случајно што името на јахтата е исто како името на ќерката на Шекеринска ќе треба таа да даде одговор, но за нас е сосема доволно за да поставиме прашање до неа. На следната слика покрај името на јахата се гледа дека таа плови под грчко знаме, што значи дека како сопственост е регистрирана во Грција, пишува „Република“.
Луксузот е познат за Шекеринска. Таа со својот сопруг и неговата фамилија, имаат неколку станови во Скопје и Охрид, имаат вила во Маврово, возат скапи возила и џипови, не штедат на имиџ и облека. Овие слики од одморот само ја оформуваат сликата за тоа како живее едно семејство во убав и луксузен живот. Тоа не е проблем, но е проблем што станува збор за политичар кој многу од тоа сака да скрие од очите на јавноста.
На следните две слики се гледаат сопругот на Радмила Шекеринска и таа самата како се упатуваат кон јахтата што го носи името на нивната родена ќерка, пишува „Република“.
На следните слики се гледа како Радмила Шекеринска се качува на приватната јахта.
Ова се фотографии од јахтатa АДА (крстена исто како и ќерката на Шекеринска), која плови под грчко знаме со своите управувачи и патници од семејството на заменик претседателката на СДСМ. Јавноста има доволно фотографии од кои може добро да си расуди дали ова е приватната јахта на Радмила Шеќеринска.
Како што претходно објави „Република“, Шекеринска заедно со својот сопруг летуваат во Сивота, а сместени се во луксузен апартман на самото крајбрежје на Јонско море.
Прочитајте повеќе:
Циц на Могрен „учи“ демократија (ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО) Фотографиите до кои ексклузивно дојде редакцијата на „Нетпрес“, се сликани денеска, токму на оваа плажа. Од нив може да се забележи како Циц ужива во едно кафуле на плажа и пие виски, додека другите што се во негово друштво, се поскромни, и пијат пиво…