ФОТО| Данска ја повика „Nord Stream“ да учествува во подигнување „објект“ во близина на гасоводите

Данската агенција за енергетика (DEA) објави во четвртокот вечерта дека го поканила операторот со гасоводите Северен тек компанијата „Nord Stream 2 AG“, да учествува во операцијата на подигнување од морското дно на објект пронајден во близина на гасоводот.

Минатата седмица рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ѝ понудила на Данска да биде извршена проверка на делниците од гасоводите Северен тек во данските територијални води за да се откријат можни други експлозивни направи, како оние кои ги предизвикаа оштетувањата ланскиот септември на четирите цевководи, но дека Москва добила нејасен одговор.

Стручњаците на рускиот гигант „Газпром“, кој е доминантен сопственик на двете компании оператори со гасоводите, додаде Путин, при истражувањата на цевководите откриле некаков „столб“ на оддалеченост од околу 30 километри од местото на експлозиите. Предметот бил откриен на ранливо место, на кое се вкрстуваат цевководите, а стручњаците сметаат дека тоа би можело да биде антена за примање сигнал за активирање на експлозивна направа поставена под системот на гасоводот.

Путин притоа истакна дека таму можело да бидат поставени неколку експлозивни направи од кои неколку експлодирале а некои не, темелејќи се на наводно сознанија неодамна објавени во германските медиуми и од американскиот истражувачки новинар Сејмор Херш дека биле наводно поставени шест експлозивни направи од кое експлодирале четири.

„Со цел дополнителни да се разјасни карактерот на објектот, данските власти одлучија да го подигнат на површината со помош на данското Министерство за одбрана. Во таа насока, Данската агенција за енергетика го покани операторот на гасоводот ‘Nord Stream 2 AG’, да учествува во операцијата“, се наведува во соопштението од Копенхаген.

Се додава дека агенцијата го очекува одговорот на „Nord Stream 2 AG“ пред да продолжи со операцијата.

Данската DEA притоа објави и фотографија од „објектот“, истакнувајќи дека тој е во цилиндрична форма, висок околу 40 сантиметри со дијаметар од 10 сантиметри. Се претпоставува дека можеби станува збор за морска чадна пловка (бова).

На 26-ти септември 2022 година двата руски извозни гасоводи преку Балтичкото Море до Европа – Северен тек 1 и Северен тек 2 претрпеа истовремени оштетувања. Според земјите во чии води се случи хаваријата – Германија, Данска и Шведска, непосредно пред истекувањето на гасот биле регистрирани подземни удари кои одговараат не експлозии. Трите земји спроведоа засебни истраги, но не го објавија наодите објаснувајќи ги со прашање од националната безбедност, а Русија започна постапка за чин од меѓународен тероризам врз клучна инфраструктура.

Американскиот истражувачки новинар, наградува со престижната Пулицерова награда, Сејмур Херш, на почетокот од февруари објави дека неговите извори запознаени со инцидентот го увериле дека саботажата на Северните токови била подготвувана повеќе месеци од избрана група лица од доверба на американскиот претседател Џо Бајден. Според оваа верзија, експлозивните направи под гасоводите биле поставени од американски нуркачи со помош на воената морнарица во јуни 2022 година во текот на маневрите „Baltops“ на НАТО токму во тие води во Балтикот, а кон крајот на септември ги активирала воената морнарица на Норвешка.

По цел месец игнорирање на написот на Херш, на почетокот од март западните водечки весници, почнувајќи од The New York Times ја разработуваат верзијата којашто потврдува дека станува збор за саботажа. Но, според овие написи, диверзијата ја извела „проукраинска група“ којашто наводно „не е поврзана“ со украинскиот претседател Володомир Зеленски и владата во Киев. Сепак, овие извештаи не содржат објаснување како може незабележано да се ангажираат ретки нуркачи на големи длабочини обучени за диверзантски дејствија и да се набави скапата опрема, вклучително и големи количества експлозиви, а покрај тоа да се изведе тајна операција во чувствителен сектор на земји членки на НАТО.