ФОТО| Демонстрации во Атина по трагичната железничка несреќа, полицијата со солзавец ги растерува демонстрантите

Низ улиците на Атина избувнаа немири по големата трагедија утрово кај Лариса, кога во судир на два воза загинаа над 40 лица, а 60 се водат за исчезнати. Голем број демонстранти излегоа на улиците, гневни на Владата што ја приватизираше железничката компанија Хеленик Трејн, која во моментов управува со патнички и товарни возови.

Полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите со солзавец.
Грчкиот министер за транспорт Костас Караманлис претходно објави дека поднесува оставка по синоќешната трагедија, јави државната јавна телевизија ЕРТ.


Во меѓувреме во јавноста протече и пораката испратена од шефот на станицата до машиновозачот. „ЛАР 62, поминете низ црвеното светло на излезот кон влезот во Неи Пори“, беше наредбата која подоцна ќе излезе дека била фатална.
Во текот на денот беше уапсен и шефот на железничката станица во градот Лариса и обвинет за убиство од небрежност.

Полицијата соопшти дека 59-годишниот шеф е обвинет за нанесување тешка телесна повреда од невнимание. Началникот на станицата, кој е задолжен за сигнализација, негира каква било грешка и рече дека за несреќата е виновна евентуален технички дефект.

Фото: Louisa Gouliamaki/Afp