(ФОТО) Досега осум жртви и над 250 повредени во земјотресот во Турција

Најмалку осум луѓе загинале а повеќе од 300 се повредени во земјотресот со магнитуда од 6,8 според Рихтер кој во петокот доцна попладнето го погоди истокот од Турција, соопшти Управата за вонредни состојби и прородни непогоди.

Три лица загинале и 225 се порведени во градот Елазиг, а уште пет загинале и 90 се повредени во провинцијата Малатија, соопштија гувернерите на овие обласи, Четин Октај Калдирим и Ајдун Баруш, пренесува весникот Cumhuriyet.

„Во градот (Елазиг) бројот на загинатите изнесува три лица, а 225 се повредени, Спасувачите се обидуваат да дојдат до шест луѓе под урнатините“, изјави Калдерим во програмата на телевизијата NTV.

Претходно министерот за внатрепни работи, Сулејман Сојлу, потврди за четири жртви, по две од најпогодените области.

Според процените на Европсло-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот со јачина од 6,8 степени по Рихтеровата скала го почувствувале намалку 20 милиони луѓе во Турција и соседните земји, Израел, Ирак и Сирија.

Според турската Управа за вонредни состојби, по главниот потрес биле регистрирани најмалку 35 последвоателни подземни удари со магнитуди меѓу 2,5 и 5,4. Истакнуваат дека првиот удар се случил во 20,55 часот по локално време на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил на 218 километри од Газиантеп и 34 километри од Елазиг. Треперењето на почвата не било почувствувано во главниот град Анкара.