(ФОТО) Двајца убиени и петмина ранети во напад со нож во Квебек

Најмалку две лица се убиени а уште пет се ранети во напад со студено оружје во канадскиот град Квебек, каде што официјален е францускиот јазик, ноќта кон неделата по македонско време, пренесува весникот Le Soleil.

Полицијата апелирала до граѓаните да останат во своите домови, откако маж „облечен во средновековна облека“ со студенот оружје нападнал „повеќе жртви“. Според медиумите, на една од жртвите ѝ бил пресечен гркланот.

Маж во дваесеттите години е уапсен, соопшти полицијата. Според весникот Le Soleil, во автомобилот на осомниечниот пронајдени се канистри со гориво и студено оружје.

Серијата напади се случила близу Парламент Хил каде што се наоѓа зградата на парламентот, во историскиот дел на Стар Квебек.

Според Radio Canada, откако полицијата го привела осомничениот за нападите, лицето било хоспитализирано, но нема информации поради која причина. Репортерот на радиото пренесе дека осомниечниот бил вооружен со меч.

Весникот Le Soleil додава дека осомничениот за масакрот на Ноќта на вештерките бил роден во 1996 година, и случајно бил пресретнат од припадниците на полциијата во пристаништето на Квебек, каде што лежел, бос и хипотермичен, поради што бил пренесен во болница.

Ѝ се предал на полицијата без да пружа отпор. Кога бил уапсен, осомниечниот имал меч, потврдил на брифингот со новинарите Етјен Дијон, од полициската служба на градот Квебек (SPVQ).

Мотивите за нападот засега не е познати, но според првичните сознанија осомничениот го подготвувал подолго време, а наводно најдени се докази за тоа кои датираат од пред година и половина.