![arievsko bratstvo banda](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/arievsko-bratstvo-banda.jpg?resize=625%2C359&ssl=1)
По бруталното убиство на двајца обвинители од Тексас кои наводно биле поврзани со „Ариевското братство“ од Тексас, американските затворски банди се нашле во центарот на вниманието на медиумите.
Војната на државата против дрогата го зголеми бројот на затвореници во САД, но се покажа дека групите од затворите ја организираат трговијата со дрога.
Подолу е листата од 12 најопасни банди во американските затвори.
Barrio Azteca (2.000 членови)
Станува збор за една од најопасните банди. Таа е најактивна во затворите во Тексас. Многу нејзини членови се поврзани со мексиканските нарко- картели, а главен извор на приходи им е шверцот со хероин, кокаин и марихуана од Мексико во САД.
Black guerrilla family (околу 1.000 идентификувани членови, плус надворешни членови)
Бандата ја формирал Џорџ Џексон, познат како Црн Партнер, во 1966-та година во еден затвор во Калифорнија. Оваа банда има врховен лидер и централен комитет, а пред се’ е активна во Калфорнија и Мериленд.
Dead man incorporated (370 членови, илјадници приврзаници)
Бандата ја основале само троцва затвореници во 1980-та година во еден затвор во Мериленд, а денес бандата има 370 членови и илјадници соработници. Пери Роарк, еден од тројцата основачи, откако се обидел да се приклучи кон постоечка банда, но бил одбиен, па решил да основа своја.
Neta (7.000 членови во Порто Рико и 5.000 во САД)
Една од најголемите и најопасни банди во Америка. Има ограноци во 36 градови и девет држави. Главниот извор на приходи на групата е „дилање“ на дрога. Во казнените дела, кои им се товарат, спаѓа и физички напад, крадење на автомобили, пукање од возила во движење, изнуда, оружен грабеж, перење пари, трговија со оружје…
Тhe hermanos de pistoleros latinos (1.000 членови)
Оваа банда е основана во 80-тите години од минатиот век во предградието Ладер во Тексас. Одржувале блиски врски со мексиканските нарко- картели и се вмешани во шверц на големи количини на кокаин и марихуана од Мексико во САД.
Public enemy number one (500 членови)
Станува збор за расистичка затворска банда која најбрзо се развива во САД и има ограноци на двете крајбрежја во јужниот дел на САД. Својата моќ значително ја зголеми кога беше формиран сојуз со „Ариевското братство“.
Нивната главна дејност е трговија со метамфетамин, а се вмешани и во низа други кривични дела.
Mexican mafia (400 членови и над 1.000 приврзаници)
Главен извор на приходи на оваа банка е коцкањето и проституцијата во затворскиот систем, но и изнуда од дилери на дрога надвор од затворот и трговија со метамфетамин и други видови на дрога.
Nazi low riders (од 1.000 до 5.000 членови)
Бандата промовира расизам и е најмногу застапена во затворите и градовите околу Пацификот и во југозападните делови на Америка. Нејзините членови се вмешани во низа кривични дела од шверц со дрога до убиства, перење пари и застрашување на сведоци.
Mehikanemi- Texas Mexican mafia (2.000 членови)
Позната и како Тексашко- мексиканска мафија, бандата е основана во раните 80-ти години во затворите во Тексас и најголемиот дел од нејзините членови се со мексиканскио потекло.
Nuestra familia (250 членови и илјадници приврзаници)
Оваа исклучително насилна банда е формирана во калифорниските затвори. Таа користи изнуда и уцени, а со „дилање“ на дрога го финансира своето работење.
The Texas syndicate (1.300 членови и над 10.000 приврзаници)
Американци со мексиканско потекло се главен дел од оваа банда во калифорнискиот затвор „Фолсом“, која што е формирана во раните 70-ти години. Таа била формирана како одговор на грабежот од страна на „Ариевското братство“ и „Мексиканската мафија“ на кои што биле изложени затворениците родени во Тексас. Тие се занимаваат со шверц на огромни количини марихуана, кокаин и амфетамин од Мексико во САД и го продаваат во и надвор од затворите.
The Aryan brotherhood (20.000 членови)
Оваа банда е озлогласена поради посебно насилните методи кои што ги применува. Таа е најактивна во југозападните и пацифичките делови на САД, но постојано се шири. Иако чини помалку од еден отсто од затворската популација, одговорни се за дури 18 отсто од убиствата во американските затвори.