мериканската манекенка, по потекло од Полска, Емили Ратајковски (29), пред еден час, на својот инстаграм – профил, во нејзин оригинален стил ги извести нејзините следбеници дека се породила.
Имено, манекенката сподели фотографија од породилиштето каде го држи во раце синот Силвестер и го гледа со многу љубов, а пред нејзините фанови сподели дека момчето се родило пред неколку дена, на 8 март, поточно.
– Роден е Силвестер Аполо Бер. Тоа се случи на 8 март 2021 година, во најнереалното и најисполнето утро во мојот живот, напиша манекенката.
Манекенската притоа го добила и најубавиот празничен подарок по повод Денот на жената.
Патем, Силвестер е машко име кое потекнува од латинскиот збор „silvestris“ што значи шума, планински човек, а во некои земји „Силвестер“ е исто така е име кое ја означува новогодишната ноќ.
Емотивната објава, како и сцената од породилиштето ги разнежни пријателите и фановите на манекенката кои во коментари под фотографијата и го честитаа раѓањето на синот, а објавата има повеќе од милион „лајкови“ за помалку од дваесет минути.
Да потсетиме, Емили ја откри среќната вест за бременоста во авторскиот текст за списанието „Vogue“, а таа и нејзиниот сопруг Себастијан по тој повод го информираа светот дека не сакаат да го дознаат полот на бебето се до породувањето.
– Кога сопругот и јас ќе им кажеме на нашите пријатели дека сум бремена, првото прашање после: „Честитки“ е скоро секогаш: „Дали дали е момче или девојче?“. Ние нема да го знаеме полот, не само до породувањето туку додека нашето дете не наполни 18 години, а со тоа му дозволиме самото да не извести и да одбере, изјавила Емили.