
Грчката полиција не ја извести Македонија дека флаери со ваква содржина им се делат на мигрантите во Грција кои чекаат во надеж да влезат и минат низ Македонија. Флаерите им ги делат странски невладини организации на мигрантите.
Грчките медиуми известуваат дека немирите на Грчко – македонската граница почнале откако се појавила брошура на арапски јазик во која се повикувале мигрантите да се соберат на границата и да се обидат да ја преминат.
Грција, пак, продолжува со неодговорниот пристап. Како што пишува „Курир“ грчката полиција не ја известила македонската страна за ваквите пораки кои утрово се повлечени.
Инаку, на интернет веќе се појавија видеа од денешните немири во Идомени. Повеќе за ова на следниот линк.