
Фирмата „Тритерол“ која деновиве се најде во центарот на скандалот поврзан со Струмица и опозицискиот лидер Зоран Заев, денеска може да се забележи како главен превозник на опозициски активисти.
Како што пишува „Курир“ со автобусите на фирмата се превезуваат активистите кои од Струмица дојдоа на протестот на опозицијата во Скопје. Инаку фирмата „Тритерол“ го врши јавниот превоз во Струмица.
Деновиве во јавноста беше откриен скандал според кој струмичкиот градоначалник Зоран Заев исплаќал големи средства на фирмата „Тритерол“, инаку блиска до СДСМ, за услуга која граѓаните не ја добиле.
И додека нема одговор зошто Струмица и струмичани плаќаат по скоро два пати поголема цена за превоз од една Битола која е поголема општина, во Скопје денеска можат да се забележат колони автобуси токму од оваа фирма блиска до СДСМ.