ФОТО: Ѓорче утрово – превртени контејнери и автомобили, многу полиција, блокирани улици

Превртени контејнери, расфрлано ѓубре, автомобил првртен на кров среде улица, полициски единици речиси на секој чекор и блокирани е улицата е сликата што денеска утро може да се види во скопската населба Ѓорче Петров по синоќешните инициденти иницирани од убиството на осумнаесетгодишно момче.

IMG_20140520_072931

gorce incidenti

IMG_20140520_072837

Полицијата утрово го регулираше сообраќајот додека вработени на „Комунална хигиена“ го расчистуваа хаосот по синоќешните случувања. Автобусите на градското сообраќајно претпријатие и на приватните компании утрово не сообраќаа по улицата Ѓорче Петров поради блокадата, а граѓаните кои се обидуваат да стигнат до работните места беа принудени да пешачат до Влае за да се качат во автобус.

IMG_20140520_073315

IMG_20140520_073320

IMG_20140520_073345