![133342276 македонија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/03/133342276-12.jpg?resize=640%2C362&ssl=1)
Граѓаните на Берово со овој чин порачаа- ДА за унитарноста, НЕ за двојазичноста, кантонизација и промена на Уставот, знаме, грб…
Од граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, ги повикаа граѓаните во поддршка на боите на Македонија, да истакнат македонско знаме на нивните прозори и балкони, или пак било што друго кое ќе ја означи црвено-жолтата линија со која се исцртува „Да за унитарна граѓанска Заедничка Македонија!“
-Нека знаат вашите комшии, нека знаат сите дека вие сте за земја на почит, толеранција, разум и напредок, а не за политички инструирани бесмислени поделби, уцени и дискриминација, порачуваат од ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
И во текот на вчерашниот ден беа истакнати македонските знамиња низ повеќе градови.