(ФОТО) Хајди Клум ја бакна 16-годишната ќерка во уста и предизвика хаос

Јавноста е со поделено мислење за фотографијата која ќерката на супермоделот Хајди Клум ја сподели на Инстаграм, а на која 16-годишна Лени и мајка ѝ се бакнуваат во уста.

Многу обожаватели ваквата интимност ја сметаат за непристојна и несоодветна и велат дека ваквиот вид на бакнеж се разменува само со емотивниот партнер.

„Уф, вака не се бакнуваат мајка и ќерка“, „Отпрвин мислев дека се работи за две лезбијки“, „Ужас, колку е тоа претерано и несоодветно“, напишаа обожавателите по фотографијата на Хајди Клум како ја бакнува својата ќерка во уста.

Лени е најстарото дете на 47-годишната манекенка, а татко ѝ е славниот милионер Флавио Бриаторе. Хајди и Флавио прекинале кратко откако Хајди открила дека е бремена.

Инаку, Лени израсна во вистинска убавица, некои дури велат дека е уште поубава од својата славна мајка.

Освен што се многу блиски и поврзани, Лени тргна и по стапките на мајка ѝ во кариерата. Почна да снима сè повеќе кампањи, а мајката и ќерката неодамнаа заедно осамнаа и на насловната страница на магазинот „Вог“.