(ФОТО) Хаос во Бутел, градоначалникот расположен во кафеана

Хаос и безредие се случува во Општина Бутел веќе подолг период, а локалното население повеќе од една година се дави во прашина, а низ општината не остана простор за пешаци.

Родителите на децата исплашени поради безбедноста на нивните деца секој ден мораат да ги земаат од училиште со автомобил.

Улицата покрај општинската зграда и главната улица станаа паркинг за автомобилите, а градоначалникот Велимир Смилевски „мува“ не го лази, ама затоа можеме да го забележиме во локалните кафеани и кафичи како ужива со партиските членови на СДСМ.

Иако прозорецот од неговата канцеларија гледа кон овие две улици, тој ништо не превзема околу решавањето на овој проблем. Па оттука се поставува прашањето дали градоначалникот Смилевски воопшто оди на работа.

Главната улица „Бутелска“ која веќе година дена е раскопана прави вистински хаос во општината, ако се земе во предвид дека оваа улица е главен транзит на луѓето кои живеат во Радишани, Љубанци и Чучер Сандево.

Граѓаните се гневни на општинските власти поради безредието кое го прават повеќе една година, како и поради тоа дека автомобилите се кршат од дупките кои се направени.

Прашина се изнаголтавме, воздухот е се позагаден, ова што се случува во Бутел е неподносливо, каде е градоначалникот се само дел од коментарите кои граѓаните на Бутел секојдневно ги кажуваат.