ФОТО I Џенифер Лопез во ултра-секси издание на забава во Лос Анџелес

Џенифер Лопез пречека низа ѕвезди во саботата на нејзината промотивна забава во Лос Анџелес каде ја претстави нејзината нова колекција чевли со Revolve.

53-годишната поп-ѕвезда се погрижи да блесне во ултра-блескаво издание од кое навистина „паѓа вилицата“.

Лопез за оваа прилика одбра метално-сив светкав плисиран фустан со висок шлиц кој открива до бутот, а под фустанот се гледаат и сребрените гаќички.

инстаграм

Горниот дел е богато украсен со пердуви во истата нијанса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by InStyle Deutschland (@instylegermany)

Провокативната модна комбинација е заокружена со перфектна шминка, залижан изглед на косата, предимензионирани метални обетки и вртоглаво високи потпетици.

Фустанот Jolene со едно рамо и плисирано здолниште е достапен во продажба по цена од 600 долари.